Почетна | За Инвестбанка | Контакт | English 

ИНВЕСТБАНКА АД СКОПЈЕ

ги препознаваме добрите идеи

Потпишување
ИФАД 
  I вид: индивидуални земјоделци
  II вид: МСП (мали и средни претпријатија)
  III вид: МСП (мали и средни претпријатија)
  IV вид: извозно насочени претпријатија)

 

ИФАД

     Согласно спогодбата за заем меѓу ИФАД и Владата на Република Македонија за финансирање на земјоделството во источните и јужни региони, Инвестбанка А.Д. Скопје е администратор на кредитната линија за финансирање на примарното земјоделско производство.
     Mеѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) е специјализирана организација – орган на Организацијата на Обединетите Нации, кој е основан во 1977 година, на препорака на Светската конференција за исхрана со цел да им помогне на земјите во развој, посебно на најсиримашните да го развиваат земјоделското производство.
     Револвинг Кредитниот Фонд при Инвестбанка А.Д. Скопје е формиран во јануари 1998 година за потребите на администрацијата на проектот за рурален развој на јужните и источните региони на Р. Македонија, кој претставува прв проект финансиран од страна на ИФАД во Македонија.
     Проектот како надополнување на стратегијата на Владата за ревитализација на селата ги има следните основни цели: 
    • Инфраструктурна обнова и обезбедување финансиски услуги (кредити) за сиромашните селски заедници;
    • Подобрување на производството и продуктивноста на малите имоти;
    • Промовирање на алтернативни извори на вработување и приходи во малите селски стопанства.

Во изминатиот период РКФ со успешност го реализираше својот дел од активностите на Проектот, односно делот на обезбедување кредни средства на заинтересирани фармери во проектната област.

1. ИФАД

Контакт:
Ул."Македонија" 9/11, 1000 Скопје
Телефон: +389 (0)2 3200 558, 3200 568
Факс: +389 (0)2 3200 575